Полицијата во Кина приведе петмина сегашни и поранешни вработени во AstraZeneca на испрашување за потенцијални незаконски активности, објави денеска Bloomberg, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, пренесува „Ал Џезира“.
Според извештаите, приведените лица се кинески државјани кои продавале лекови против рак во онколошкиот оддел на споменатата британско-шведска мултинационална фармацевтска компанија, пренесува Ројтерс.
„Свесни сме дека мал број наши вработени во Кина се под истрага и во овој момент немаме повеќе информации за споделување“, објави AstraZeneca.