четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кина ја повика Јапонија да преземат координирана акција против царинската политика на Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кина испрати писмо до јапонскиот премиер Шигеру Ишиба во кое повикува на координирана акција против царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија денеска извори од јапонската влада.Писмото од кинескиот премиер Ли Џианг е доставено до Јапонија од кинескиот амбасадор Ву Џиангхао, велат изворите, пренесува Кјодо.Се верува дека Јапонија е поканета да и се придружи на Кина во спротивставувањето на протекционизмот, но блискиот сојузник на САД планира претпазливо да одговори на предлогот, соопшти агенцијата.Поканата на Кина за Јапонија дојде во време кога Трамп, кој ги гледа тарифите како средство за корекција на трговскиот дисбаланс и решавање на други спорови, воведе дополнителни царини од 145 отсто за кинеските стоки.Пекинг возврати со царина од 125 отсто за американските стоки.Администрацијата на Трамп ја вклучи Јапонија меѓу трговските партнери покриени со нејзиниот сеопфатен тарифен режим откриен претходно овој месец, повикувајќи го Токио дополнително да го отвори својот пазар со олеснување на нетарифните бариери, вклучително и регулативите за безбедност на автомобили.Воведени се царини од 24 отсто за стоката што САД ја увезува од Јапонија.

Поврзани вести