„Доколку претставници на кинеската компанија „Синохидро“ побараат средба, ние секако ќе ја оствариме. На техничко ниво се одржуваат и се спроведуваат состаноци. Важно е дека компанијата има уште рок за реализација и до 31 декември имаат рок и фронт за работа, да продолжат“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
- Муцунски: Бараме безбеден и предвидлив пат кон ЕУ, извештајот не е критика, туку насока
- СДСМ: Ниту едно од двете сценарија на Мицкоски за Алта банка не е одржливо
- Зеленски предложи зимско примирје со Русија за да можат да се одржат избори
- Кари ги предводеше Вориорс до победа против Хит, Феникс на крилата на Букер го победи Орландо
- Викендот носи студени утра и магла, од следната недела можност за дожд
- Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени инвестиции во три фабрики
- (Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани повлекуваат пари од Поштенска штедилница, се најавуваат кривични пријави по шпекулациите за пропаст на банката
- ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи од еден човек – Доналд Трамп“, воздухопловните сили подготвени за напад врз Иран
- Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуален напад
Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Неготинo, Бочварски рече дека во изминатиот период „Синохидро“ е во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите кооперанти во однос на решавање и расчистување на сите прашања што се појавија. за време на изградбата.
Според Бочварски, без да се врши политички притисок, туку со експертска анализа ќе се донесе најдобрата политичка одлука за доизградба на автопатот.
Експертската поддршка за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во која државата треба да продолжи за завршување на овој проект.
Експертите што ќе ги ангажира Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат во насока на најдобро можно решение за свлечиштата и свлечиштата кои се реален и голем проблем во голем дел од автопатот Кичево-Охрид.
„Тоа значи дека по утврдувањето на сите овие насоки, кои ќе ги состават експерти, без да се врши политички притисок, туку со експертска анализа, ќе дојдеме до најдобрата политичка одлука, која ќе ја донесеме како за заклучокот на автопатот, така и за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните“, вели Бочварски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



