Кина ја започна втората фаза од изградбата чија цел е зголемување на можностите на најголемиот радио телескоп во светот со една чинија.Телескопот FAST се наоѓа во Гуижоу на југозападот на Кина и е во функција од јануари 2020 година, но во новата фаза ќе му бидат додадени 24 нови мобилни радио телескопи, секој со дијаметар од 40 метри. Изградбата официјално започна на 25 септември, на осмата годишнина од завршувањето на FAST.Проширувањето, наречено FAST Core Array, има за цел да ги искористи предностите на „тивката“ електромагнетна средина што постои во радиус од 5 километри околу телескопот, објави кинеската CCTV. Локацијата првично беше избрана поради оддалеченоста и природната топографија на областа. Кога ќе се комбинираат во низа, овие телескопи ќе ги подобрат способностите за резолуција и откривање.Планот има за цел да им овозможи на научниците да спроведат подлабоко истражување во различни области, вклучувајќи настани од гравитациски бранови, супернови, настани од црни дупки и многу повеќе. Ќе придонесе и за следење на ситуацијата во вселената, откривање на мали објекти во Сончевиот систем, како и комуникација и контрола на сонди во длабоката вселена и други области.FAST беше конструиран во 2016 година, додека целосно беше оперативен на почетокот на 2020 година. Досега откри повеќе од 900 пулсари, односно брзо ротирачки неутронски ѕвезди. Овој гигантски објект е отворен и за барања од истражувачи, меѓународни научници и научни тимови од почетокот на 2021 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: