Кипарската берза ја прекинува работата на два дена

Кипарската берза денеска и утре го прекинува тргувањето со акциите поради затворање на банките кои стравуваат дека клиентите и можеле масовно да ги подигнуваат парите од сметките.„Решивме да го прекинеме тргувањето со акции котирани на нашата берза за да обезбедиме правилно функционирање на берзата и да и заштитиме инвеститорите“, се вели во соопштението на кипарската берза, што го пренесе Франс прес.„Поради затворањето на банките, не е можно да се спроведе наплата на хартиите од вредност продадени на берзата“, се наведува во соопштението на берзата.Кипарските банки се затворени од саботата, а планирано е тие да продолжат со работа во четврток.Според условите од кипарскиот пакет за помош од 10 милијарди евра, сите штедачи на Кипар ќе бидат погодени со еднократен данок од 6,75 до 9,9 отсто.
МакфаксКипарската берза денеска и утре го прекинува тргувањето со акциите поради затворање на банките кои стравуваат дека кли

Пронајдете не на следниве мрежи: