четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кипарските штедачи ќе бидат обештетени со акции во банките

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кипарскиот претседател Николас Анастасиадес изјави дека штедачите кои ќе мора да платат данок на банковните депозити во рамките на условите од договорот за добивање на странската финансиска помош без која земјата може да банкротира, ќе бидат обесштетени во акции во банките за кои гаранција ќе бидат идните приходи од гасот.Во обраќањето до нацијата коешто во неделата доцна навечер го пренесуваше кипарската јавна телевизија, претседателот Николас Анастасиадес рече дека морал да ги прифати даноците на банкарските депозити во замена за меѓиународната помош, бидејќи во спротивно Кипар ќе биде соочен со многу веројатен банкрот.„Решението што го договоривме не е она коешто го посакувавме, но е најмалку болното во оваа ситуација“, рече Анастасиадес.Министрите за финансии за 17-те земји членки на еврозоната се договорија за пакет помош за Кипар во износ од 10 милијарди евра, за да ја спасат земјата од банкрот Договорот беше постигната по бриселските преговори меѓу министрите и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд.За возврат, Кипар мора да го сопре дефицитот, да го намали банкарскиот сектор кој настрада поради во прв ред поради неговата преголема изложеност на грчкиот јавен долг, и да ги зголеми даноците.Според договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, на штедните влогови во банките помали од 100 илјади евра ќе се плаќа еднократен данок од 6,74 отсто, додека за поголемите износи ќе се плаќаат 9,9 проценти. Овој услов досега не беше применуван во финансиските пакети со помош за другите земји од еврозоната кои се најдоа во должничка криза и предизвика голем револт на Кипар.
МакфаксКипарскиот претседател Николас Анастасиадес изјави дека штедачите кои ќе мора да платат данок на банковните депо

Поврзани вести