Кипар и „тројката“ се договорија, конечната одлука е на Еврогрупата

Претставниците на Кипар и претставниците на потенцијалните меѓународни кредитори ткн „тројка“ се согласија доцна ноќта кон понеделникот за преструктурирање на втората по големина кипарска банка „Laiki bank“, изјавил за новинарите во Брисел извор од Европската унија запознаен се преговорите.„Тоа за што денеска се договорија ‘тројката’ и кипарските власт се неколку клучни параметри од можниот финален договор. Ова главно се однесува на реструктуирањето на ‘Laiki bank’, а се однесува и на поделбата на ‘добри’ и ‘лоши’ банки. Осигурените депозити (помали од 100 илјади евра) ќе бидат безбедни. Единствената банка за којашто се претполага реструктуирање е Laiki bank“, рекол изворот, според РИА Новости, кој барал да остане анонимен.Конечната одлука сепак треба да ја донесе Еврогрупата, чиј состанок претходно во неделата навечер беше прекинат поради преговорите на Кипар со потенцијалните меѓународни кредитори.
МакфаксПретставниците на Кипар и претставниците на потенцијалните меѓународни кредитори ткн „тројка“ се сог

Пронајдете не на следниве мрежи: