Кипар со 10 милијарди евра заем избегне стечај и колапс на банкарскиот систем

Кипар во напнати преговори со меѓународните кредитодаватели, кои завршија во понеделникот рано изутрина во Брисел, обезбеди пакет санациски заеми од 10 милијарди евра и избегна колапс на банкарскиот систем и стечај.„Ја завршивме неизвесноста која изминатата недела го погодуваше Кипар и еврозоната“, изјави Јерон Дејселблом.Во замена за спасот, Кипар мора драстично да го намали својот претерано голем банкарски сектор, да го намали буџетот, да спроведе структурни реформи и приватизација на државниот имот, истакна Дејселблом на конференцијата за печат.Кипар е исклучен од меѓународните финансиски пазари веќе речиси две години. Меѓународната помош му е потребна за докапитализација на нивните разнишани банки и финансиско одржување на владата. Европската централна банка се закани дека ќе ја прекине клучната помош за одржување на ликвидноста на кипарските банки доколку до вторник не биде постигнат договор.Во случај договорот да не беше постигнат до понеделникот, оваа мала островска држава со 1,1 милиони жители  ќе беше соочена со можен стечај, кој би можел да ја присили да ја напушти еврозоната. Таквиот преседан би ги вознемирил берзите и би поттикнал превирања во целата еврозоната, каде живеат 300 милиони лица, иако Кипар сочинува помалку од 0,2 отсто од економијата на еврозоната вредна 10.000 милијарди евра, сметаат аналитичарите.Министрите за финансии на еврозоната го прифатија планот по 10 часа преговори во брисел помеѓу кипарските власти и таканарачената тројка доверители: Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка.„Веруваме дека договорот ќе обликува трајно, одржливо и целосно финансиско решение“, изјави извршната директорка на ММФ, Кристин  Лагард.Според прифатениот план, втората по големина кипарска банка Laiki, ќе биде реструктуирана, а носителите на банкарските депозити поголеми од 100.000 евра ќе мора да ги прифатат загубите, рече Дејселблом, додавајќи дека сеуште не е јасно колку тешки ќе бидат загубите.„Тоа ќе мора да биде разјаснето во наредните недели“ додаде Дејселблум, истакнувајќи дека очекува по таа основа да бидат собрани 4,2 милијарди евра. Аналитичарите проценуваат дека инвеститорите би можеле да загубат и до 40 отсто од своите пари.Штедните влогови до 100.000 евра кај сите кипарски банки ќе ги гарантира државата во согласно со гаранциите од ЕУ за осигурување на депозитите, рече Дејселблом.Банката Laiki веднаш ќе биде претворена во таканаречена „лоша банка“ во која ќе останат нејзините депозити и токсичен имот, а загарантираните депозити ќе бидат пренесени во најголемата банка во државата Bank of Cyprus.Големите депозити кај Bank of Cyprus над осигуреното ниво ќе останат замрзнати додека не се разјасни дали и во колкава мера и тие, исто така, ќе бидат присилени на загуби, се наведува во соопштението на еврогрупата.Дејселблом го бранеше пристапот на заемодавателите по кои сопствениците на депозитите ги очекуваат тешки загуби, велејќи дека тие мерки „ќе бидат концентрирани таму каде се и проблемите, во големите банки“.Меѓународните кредитори, на чело со ММФ, бараа темелно реструктуирање на големиот финансиски систем на Кипар, кој е и до осум пати повреден од брутодомашниот производ кој изнесува околу 18 милијарди евра. Велат дека економскиот модел на државата за привлекување на странски инвеститори, меѓи кои и голем број Русија, со ниски даноци и лабава фискална регулатива, се освети и мора темелно да се измени.За Кипар, драстично намалување на финансискиот сектор, загубата на довербата со неодамнешните превирања и претстојните мерки на штедење, значи дека државата се соочува со тешки времиња.„Длабочината на финансиската криза на Кипар значи дека блиската иднина ќе биде многу тешка за државата и за народот. Но, мерките ќе бидат нужни Кипраните да ја обноват својата економија на нови сонови“, рече еврокомесарот за економска и монетарна политика Оли Рен.За да ги обезбеди санациските заеми, Кипар мора да пронајде начин  да прибере неколку милијарди евра за да се квалификува за пакетот од 10 милијарди евра. Главнината на тие пари сега треба да се подмири од присилните загуби на сопствениците на големите депозити, а остатокот од зголемувањето на даноците и приватизацијата. Доверителите инсистираа на тоа дека Кипар не може да прими повеќе кредитите, бидејќи неговиот товар на долгот би останал неодржливо висок.Планот е договорен на преговорите кои претходно се одржуваа месецов, а кој предвидуваше еднократно оданочување на сите штетни влогови во кипарските банки, што предизвика гнев кај Кипраните и не доби ниту еден глас во кипарскиот парламент.За тоа колкаво е стравувањето од банкарски колапс, говори и вчерашната одлука на кипарската централна банка подигнувањето на пари од банкоматите да го лимитира на 100 евра.Кипарските банки беа затворени уште минатата недела, додека властите работеа на планот на спасување, а отворањето на банките е предвидено за утре.Откако министрите за финансии на еврозоната го одобрија договорот со Кипар, неколку национални парламенти во државите на еврозоната, како што е Германија, сега исто така треба да го одобрат договорот, што може да потрае неколку недели. Функционерите на ЕУ истакнаа дека очекуваат целата програма да биде одобрена до средината на април.
МакфаксКипар во напнати преговори со меѓународните кредитодаватели, кои завршија во понеделникот рано изутрина во Брисел, обе

Пронајдете не на следниве мрежи: