четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кисел, вкусен и многу корисен: Не сте знаеле дека лимонот може да ви помогне за овие работи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лимонот нуди навистина големи можности за природната козметика. Сепак, треба да се има во предвид следново: лимонот може да предизвика прекумерна чувствителност на кожата, на сончева светлина, па не се изложувајте премногу долго на сонце после третманот.
Отстранување на мртвите клетки од кожата – дадете сјај на вашата кожа, со нежна масажа на саканата површина со мешавина на сок од лимон и шеќер.
Ублажување на брчките – загрејте 1 чаша млеко, 2 лажички сок од лимон и 1 лажица коњак или ракија. Изладете ја смесата на собна температура, нанесете на посакуваното место и чекајте да се исуши, а потоа исплакнете.На избелување на старечките пеги – мачкајте се со лимонов сок и оставете 15 минути. Повторувајте ја постапката два пати во денот.


Направете крем за лице – помешајте сок од 1 лимон и 1/4 чаша маслиново или бадемово масло. Нанесете на лицето и оставете нека делува.
Против првут – применувајте масажа на скалпот секојдневно со две лажички сок од лимон.
Избришете го лакот од вашите нокти и без ацетон – ставете ги ноктите (околу 5 минути) во една чаша топла вода во која ќе додадете сок од половина лимон, а потоа истријте ги ноктите со внатрешниот дел од кората на лимонот.

Поврзани вести