Класик над класиците: Џесика Алба уште еднаш докажа дека нејзиниот стил е за чиста 10-ка

Прекрасната Џесика Алба создава беспрекорни стајлинзи, а нејзините „street style“ изданија се секогаш вистинска модна инспирација.
Актерката која не е многу променета од своите почетоци во Холивуд, може да се пофали со младешко лице и витка фигура која ја истакнува во комбинации со кои плени погледи.
Црно-белите стајлинзи несомнено се класик над класиците со кои никогаш не можете да погрешите, а токму еден таков стајлинг избрала и ѕвездата на „Sin City“ при шопингот со 13-годишната постара ќерка Онор.


Во предимензиониран топ, црни широки панталони во карго стил и црни папучи, Џесика и овојпат ги воодушеви модните вљубеници.
Дневниот изглед без грешка го „зачинила“ со очила за сонце и ефектна чанта.Безвременските пруги навистина се непобедлив моден класик кој го обожуваме во текот на пролетните и летни месеци, па ако не сакате цветни мотиви, тие се и повеќе од добра алтернатива со која нема да погрешите.


Т.н. бретонски линии уште во 50-те и 60-те гордо ги носеа легендарните модни икони како Брижит Бардо и Одри Хепберн, а овој вечен дезен со текот на времето стана неизбежен во гардероберот на многу трендсетерки. Помеѓу неговите љубителки е и Кејт Мидлтон која гордо го носи во неформалните прилики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.