Клековски од партијата на Мицковски: Не сме против внесување на Бугари во Устав

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во своето гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител истакна дека неговата партија не е против влез на Бугарите во Уставот и останатите малцинства.

-Jaс деновиве неколку пати кажувам, ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот, како што не е против Хрвати во Уставот. Многумина од етничките Бугари бо Македонија, без разлика дали се македонски од Источна Србија или Бугарија тие се лојални граѓани на Македонија. Пендиков не е Бугарин тој е криминалец, вели Клековски.

За Клековски и неговата партија проблем било тоа што внесувањето на Бугарите во Уставот го разбирале како уцена.

-Прашањето е дека е барање под уцена и диктат. Хрватите ќе ги внесеме во Уставот никој не прави проблем за Хрватите во Уставот дури ги заборавивме во дебата, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.