Кличко ќе ги брани титулите во Манхајм

Украинскиот боксер, Владимир Кличко, ќе ги брани четирите титули во тешка категорија против предизвикувачот Франческо Пјанета, на 4.мај, во германскиот град Манхајм.

Пјанета, минатата година му беше спаринг партнер на Кличко, кој е сопственик на титулите во четири верзии – IBF, IBO, WBO и WBA. Украинецот навел дека го почитува Пјанета „поради младоста и борбениот дух“, додека предизвикувачот полн со самодоверба рекол дека „ќе го нокаутира Кличко со што ќе го преврти светото на боксот“. Противникот на Кличко е непоразен во кариерата, тој победил во 28 борби, а има и една нерешена борба. Владимир Кличко во кариерата има забележано 59 победи и три порази, последен пат тој ги одбрани титулите во ноември минатата година против полскиот боксер Маријуш Вах
Макфакс
Украинскиот боксер, Владимир Кличко, ќе ги брани четирите титули во тешка категорија против пр

Пронајдете не на следниве мрежи: