КЛОИ КАРДАШИЈАН ЗА ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТА ОТКАКО МАЖОТ ЈА ИЗНЕВЕРИ: Овој детаљ ги привлече сите погледи!

Бурниот период е зад неа
Клои Кардашијан последниве недели се држи подалеку од фотографите, но тие сепак успеаја да ја „фатат“ додека се шета со својата ќерка Тру, која ја доби со Тристан Томпсон.
Нивната врска беше повеќе од турбулентна, Тристан ја изневери во неколку наврати, а таа неодамна дозна дека тој има дете со фитнес моделот Марли Николс.
Клои (37) е видно послаба од порано, а многумина забележале дека од нејзините облини останала само сенка. Обожавателите тврдат дека се е последица на стресот кој го доживува во последните неколку месеци.
Тристан јавно и се извини на Клои за прељубата, а за се придонесе тестот за татковство кој покажа дека Марли Николс останала бремена додека тој се уште бил во врска со славната Кардашијан.
„Не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти го дадов. Не го заслужуваш начинот на кој се однесував со тебе во последните години. Моите дела дефинитивно не покажуваат што мислам за тебе. Те сакам и почитувам неверојатно, иако сега сигурно не мислиш дека е така“, напиша тој.
Да се потсетиме, Тристан ја изневери Клои и за време на бременоста. Кошаркарот беше виден со неколку мистериозни жени во интимно друштво, а во 2019 година беше фатен како се бакнува со Џордан Вудс, најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер, а набргу потоа раскинаа. Пред неколку месеци реши повторно да му даде шанса, но на сето тоа му дојде крајот откако Томпсон повторно беше уловен од папараците како влегува во собата на една вила во Лос Анџелес со три девојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.