четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ковачевиќ: Ќерка ми за прв пат ќе присуствува на мој концерт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поп ѕвездата Саша Ковачевиќ кон крајот на оваа година „додаде гас“.
Српскиот шармер снима и нов спот, има бројни настапи во странство, а новата година ќе ја дочека во голем стил, заедно со белградската публика, а ќе настапи заедно со своите колеги Горан Бреговиќ, Тифа, Чоби и Анџелина на „Сава Променада“.
-Големо задоволство ми е што ќе пеам во својот град. Белград прв пат ќе има прослава на брегот на реката Сава на отворено и искрено ќе ми биде драго за сите кои ќе дојдат. Исто така ми е драго што после неколку години ќе можам да се дружам со белградската публика. Празниците највеќе сакам да ги поминувам со своето семејство, а посебно ми е драго што мојата ќерка за прв пат ќе присуствува на мој концерт, како за мене, така и за неа ова ќе биде големо доживување, истакна Ковачевиќ.
Тој истакна дека организаторот на овој концерт најавил колем спектакл, каков не е виден до сега.

Поврзани вести