Ковачевски ги замоли присутните на митингот да ги тргнат чадорите за „платениот национален сервис од партиски пари да види колку ги има овде за европска Македонија!

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска од митинг во Скопје порача дека СДСМ е државотворна партија, односно партија која своите корени ги влече уште од социјалистот Гоце Делчев.

„Партија која своите корени ги влече уште од социјалистот Гоце Делчев, од Народно ослободителната борба, од претседателот на КПМ, Лазар Полишевски, преку Перо Гошев, Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев па се до ова раководство на СДСМ. Едно заедничко за сите нив е што ништо не може да ги спречи во намерите за подобра Македонија, а најмалку тоа може да го направи еден дожд“, вели Ковачевски.

Ковачевски додава дека тие не се направени од лажните чоколади и стиропори на екс премиерот, Никола Груевски.

„Не сме ние направени од лажните чоколади на Груевски, Мицкоски, Ставревски ниту од лажни стиропори и барок на Груевски па да не стопи еден дожд“, вели Ковачевски.

Тој ги замоли присутните на митингот да ги тргнат чадорите за „платениот национален сервис од партиски пари да види колку ги има овде за европска Македонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: