Ние во нашата држава имаме изградено мултиетничко општество, имаме изградено едно општество за сите, соживот којшто овозможува на секој поединец без разлика на неговата етничка, национална, верска или било каква припадност да планира и да го развива својот личен и професионален капацитет и својата кариера. Сметам дека тоа е голема придобивка. Но, од друга страна постојат политички партии кои што се присутни и кај нас кои темите на етничката припадност сакаат да ги издигнат на своја политичка агенда и со тоа да внесуваат етнички тензии меѓу граѓаните кои се пропратени со ксенофобија и етнонационализам кои се дефинирани во модерната наука така како што го кажав и на празникот и вчера.
Ова го нагласи претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање по настан организиран по повод големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во Селце, Прилеп.
- Покрената истрага против италијанската премиерка Џорџа Мелони
- Еве што зборуваше Трамп пред 37 години! Интервју кое го шокираше светот и ја предвиде судбината на Доналд: „Не можам да кажам дека никогаш нема да го направам тоа…“ (ВИДЕО)
- Бела куќа: Трамп сè уште планира да воведе царини за Канада и Мексико оваа недела
- 3 знаци од Зодијакот утре ќе блеснат како никогаш досега: Младата месечина во Водолија им носи животни промени!
- Германската индустрија очекува уште една година на рецесија
- Путин најави кога би можел да биде крајот на војната: Украина речиси целосно го загуби суверенитетот, без пари од спонзори сè би било готово за два месеци
- Вучиќ се плаши од експертска влада? Може и избори, само преодна влада не!
- Бајден планирал атентан на Путин!? Ова го изјави новинарот Такер Карлсон: ,,Да, администрацијата на Бајден размислуваше да го убие Путин” (фото)
- Невреме направи хаос во Италија: Во Рим се сруши кран, во Џенова падна потпорен ѕид
- Четири знаци укажуваат на токсична врска
Ковачевски исто така истакна дека истите политички партии, коишто денес зборуваат против одредени политички партии кои што се етнички предзнак, истите тие 11 години беа во власт споменатите партии.
„Истите тие партии кои што сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денес зборуваат“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски, јавно постави отворено прашање до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на неговото високо раководство, да споделат со јавноста колку пати во последните 6 месеци барале и оствариле со лидерот и високи функционери на ДУИ и за што разговарале на тие состаноци, доколку ги имале.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.