По претставувањето на буџетот на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Ковачевски рече дека Владата во моментот ја води премиер Македонец и дека со досегашната работа успеале да испратат пораката дека силата е во заедништвото, а таквата изјава ја припиша на предизборието.
- Викендот носи студени утра и магла, од следната недела можност за дожд
- Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени инвестиции во три фабрики
- (Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани повлекуваат пари од Поштенска штедилница, се најавуваат кривични пријави по шпекулациите за пропаст на банката
- ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи од еден човек – Доналд Трамп“, воздухопловните сили подготвени за напад врз Иран
- Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуален напад
Веќе влегуваме во еден период на предизборие. Во наредниот период од 7 до 8 месеци ќе се наслушаме кој сè е главен, меѓутоа клучно е што дадовме пример како може да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме буџет, да го поднесеме на Влада и да го одобрат министрите. Да се задржи развојната компонента на буџетот и да се обезбедат финансиски средства и за зголемени плати, и за зголемени пензии и за зголемени инвестиции. Со тоа ја праќаме пораката дека силата е во заедништвото. Им благодарам и на Филип и на Фатмир, рече премиерот Ковачевски.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вчера, во Чаир, на промоција на секретаријатите на ДУИ рече дека Албанците владеат со државата.



