Постигната е највисока откупна цена на тутунот досега, и изнесува 261 денар по килограм. Државата го поддржува тутунопроизводството и презема конкретни мерки, изјави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на прилепскиот тутунски комбинат и при увидот за текот на откупот на тутунот на пунктот во Комбинатот.
-Откупот на тутунот почнува со позитивни податоци. Повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп и подобар квалитет на тутунот. Откупната цена сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 200 денари. Ова се највисоки цени во откупот на тутунот во последните десет години. Инаку, од 2014 година до денес откупната цена е зголемена за 115, 7 проценти. Пораст има и кај бројот на склучени договори кои се за седум отсто повеќе од лани. Годинава се очекува да се откупат околу 21 000 тони што е за 10 отсто повеќе од лани. Имаме поквалитетен тутун, што значи подобра година за тутунот. Ваквите бројки се доказ дека мерките на Владата кои се преземаат за тутунопроизводителите даваат позитивни резултати. Тутунот е наша традиционална, но и извозно ориентирана гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиона евра. Околу 20 000 семејства егзистираат од оваа гранка и секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, рече Ковачевски.
Љупчо Николоски, министер за земјоделство нагласи дека државата презеде неколку мерки за тутунопроизводителите – зголемени субвенции по класи, постигната повисока просечна цена до 30 проценти, олеснети административни процедури, без евидентни листови, а се поддржува и преку програмата за рурален развој со 29 договори за набавка на опрема за тутунопроизводство со по четири милиона денари за секој договорувач.
-Ја испративме пораката дека не се само субвенциите, туку и преку програма за мерки како да го поддржиме тутунопроизводството. Инаку, за 2023 година имаме рекорден износ во буџетот на земјоделството. Фактите и аргументите ги поддржуваат најстојувањата на Владата дека оваа индустриска гранка ја цени која носи и девизен прилив. И во процесот на преговорите со ЕУ, тутунопроизводството ќе биде заштитено како битна традиционална култура со девизен прилив, изјави Николовски.
Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат вели дека откупот непречено се одвива и нема приговори од тутунарите.
– Досега се откупени повеќе од 3000 тони тутун, просечната цена е 261 денар за килограм. откупуваат девет од десетте овластерни компании и последната ќе почне до истекот на крајниот законски рок за откуп, 15 декември. Нема проблеми и нема пријави на тутунарите за текот на откупот, изјави Станкоски.
Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија вели дека со повисоките цени се ублажени трошоцвите на тутунарите и настојувањата остануваат за натамошни повисоки цени за наредната година.
– Постигнавме повисоки цени на откупот по класи. Тоа колчку-толку ќе ги ублажи вложените трошоци на тутунарите во производството. нема да застанеме на тоа и ќе продолжиме со притисоците за повисоки цени и наредната година, изјави Стомнароски.
Во земјава тутунот се откупува на 115 ваги со девет откупувачи.
Пронајдете не на следниве мрежи: