Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде ако се вратат грдите времиња на меѓуетнички тензии

Сите треба добро да размислат за иднината, ако на десничарска партија и се даде преголема моќ – порача Димитар Ковачевски. Претседателот на СДСМ на средба со жителите на Сарај порачал дека ќе се бореле за секој граѓанин и за европската иднина на Македoнија. Тој предупреди дека треба да се размислува и за „евентуално враќање на грди времиња на меѓуетнички тензии“.

„Ја прифаќаме силната порака која на вчерашниот изборен ден ни ја испратија граѓаните. Знаеме дека изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Одлуката е во рацете на граѓаните, но сите треба добро да размислат како ќе влијае на нашата иднина ако десничарска партија добие преголема моќ или ако се вратиме во грдите времиња на меѓуетнички тензии. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што само така ќе успееме да изградиме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани“, порача Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: