Ковачевски: Таравари не може да ја спречи европската иднина на Македонија

Арбен Таравари не е многу важен за европската иднина на државата и нема да може да ja спречи истата. Ова го изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачеваски во изјава за медиумите.

Ковачевски потенцира дека партиите на власт имаат мнозинство во Собранието.

– „Не можеме да ја ограничиме европската интеграција на земјата на тоа доколку г. Таравари отиде од власт во опозиција, не мислам дека Таравари е толку важен за иднината на државата, се работи за политичар од Гостивар кој е успешен доктор, кој сам си прави политички калкулации и баланси, но иднината на државата не може да зависи од човек, од политичка партија“ – рече Ковачевски.

Според Ковачевски, без СДСМ, Македонија нема да има интеграција во Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.