Ковид Центарот на Клиничка Болница во Битола доби најсовремена опрема од Ротари Клубот

Ротари Клуб Битола Широк Сокак, предаде во употреба  најсофистицирана опрема во Ковид Центарот на Клиничка Болница Битола, а ова е најголемата донација во своето 12-годишно постоење, а воедно и една од најголемите донации на опрема во Ковид Центрите  во земјава.

Донирани се пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири протокомери за кислород во вредност од 2.144 390.00. Со оваа опрема пациентите згрижени во Ковид Центарот во Битола ќе добијат можност нивната состојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител Дрегер Германија .

Средствата  се обезбедени од  лични донации на членови на клубот кои се мечирани во Ротари Интеранационал , донации од партнерски Ротари клубови Логатец, и Љубљана 25  од Словенија , Галезбург Санрајз САД , Ротари Дистрикт 1912 , Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски Новогодишен базар.

Инспирирани и поттикнати од оваа голема донација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак , добавувачот Винора одлучи кон оваа донација да се приклучи и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со пандемијата со Ковид 19 и тоа два апиратори на струја, два протокомери за кислород со овлажнувач, ларингоскопски сет, 20 маски за висока концентрација на кислород.

Еден  од клучните елементи што оваа донација ја прави уште по значајна е фактот што се работи за апаратура која после завршување на пандемијата ќе  биде ставена во функција во операционите сали на Клиничка Болница Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.