Кога е „вистинското“ време да имате секс за прв пат?

Прераното почнување со сексуални односи е една од најголемите причини за каење кај младите, покажа едно британско истражување за сексуалното однесување.
Повеќе од една третина од женските и една четвртина од машките на тинејџерска возраст и рани 20-ти признале дека кога имале секс за прв пат тоа не било „вистинското време“ за нив.
Доктор Мелиса Палмер, коистражувач во проектот, вели:
„Нашите заклучоци ја поткрепуваат идејата дека кај младите жени има поголема веројатност да бидат под притисок од нивните партнери да имаат секс. Иако резултатите од истражуавањето дадоа позитивен исход – дека речиси 9 од 10 млади луѓе користеле потврден метод за контрацепција кога прв пат имале секс – потребни се понатамошни напори за да се осигураме дека е заштитена добросостојбата на младите луѓе во поширока смисла откако ќе станат сексуално активни.“
Таа вели дека сексуалното образование во училиштата треба да ги опреми младите луѓе со вистинските вештини за преговарање за да имаат безбедно и позитивно прво сексуално искуство.


Кога е „вистинското“ време?
Ако помислувате дека сакате да имате секс за прв пат, прашајте се:
Дали се чувствувате дека ви е време?
Дали го сакам мојот партнер/Дали ја сакам мојата партнерка?
Дали тој/таа ме сака во иста мера?
Дали сме разговарале за користење кондоми за спречување сексуално преносливи болести и дали разговорот беше ОК?
Дали имаме методи за контрацепција за да се заштитиме од непланирана бременост?
Дали се чувствувам дека може да речам „не“ во кој било момент и да се премислам и дали и двајцата ќе бидеме ОК со тоа?
Ако сте одговориле со „да“ на сите овие прашање, најверојатно сте подготвени.
Но, ако одговорите со „да“ на следните прашања, тогаш не сте:
Дали чувствувам притисок од некого, како на пример партнерот/партнерката или моите пријатели?
Дали би можело да се каам подоцна?
Дали размислувам за секс само за да ги импресионирам моите пријатели или за да не заостанувам зад нив во искуствата?
Дали размислувам за секс само за да го задржам партнерот/да ја задржам партнерката?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.