Кога е време да дадете отказ и да заминете?

Многу пати сте посакале да го погледнете директорот во очи и да му речете: „Давам отказ“! Ако од разни причини се двоумите, еве неколку совети што ќе ви помогнат да откриете дали е навистина време да заминете!
1. Сте добиле подобра понуда
Подобра плата, повисока позиција, инспиративно опкружување и постојано вработување? Звучи нереално за нашата средина, но не и неостварливо. Малкумина го добиле тоа, но заслугата се препишува на сите оние кои сами се избориле за истото. Секогаш е тежок периодот на адаптација. За ваша среќа, не трае долго, а прекинот на рутината и реалноста дека нешто ново ви се случува, сигурно ќе ви го подобри расположението.
2. Сакате да го надоградите вашето знаење
Ако на помала возраст сте добиле работа и заради тоа сте го напуштиле образованието, време е да му се посветите. Ако со текот на времето интересите ви се промениле, сменете го правецот и насочете се таму каде што ви се интересите. Следете ги вашите соништа.


3. Работите во „отровна средина“
Колку и да е серизна работата со која се бавите, мора да си дозволите во текот на работното време барам накратко да се посмеете со колегите. Недостатокот на смеа и комуникација во опкружување во кое поминувате 8 часа дневно е многу загрижувачко, што е причина да се запрашате дали е вистинско време да го напуштите тоа заморно друштво.
4. Вашата позиција е нестабилна
Или вашата фирма е на ивица на егзистенција? Дури и ако сте таму од првиот ден на нејзиното отварање, не значи дека треба и вие да пропаднете со неа. Изборете се за вашето место во овој свет и не дозволувајте претпоставените поради тоа да ви наметнат чувство на вина.


5. Сакате да се посветите на себе
Без разлика дали вашата причина за отказ е основањето на семејство, патување околу светот или потреба за пауза, ве уверуваме дека никој нема да ви замери. Уживајте, бавете се со она што ве исполнува и наполнете ги батериите. Чувството на задоволство ја поткренува фантазијата, па кој би знаел, можеби наскоро сами ќе отворите фирма, па нема да мора да зависите од некој друг.
6. Немате мотивација
Едвај чекате да дојде крајот на работното време, сè ви е очекувано и досадно, а понеделник едвај го преживувате? Повеќе не се вложувате максимално на работата? Дефинитивно сте заразени со вирусот наречен „Време е за промена“!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.