Кога животот ќе стане тежок и ќе се разочарате од одредени луѓе, сетете се на овие зборови

Разочарувањата, предавствата и ударите се составен дел од животот и не можат да се избегнат. Сепак, можете да изберете како ќе реагирате на ситуациите што ви се случуваат. Кога се наоѓате во тешка ситуација или некој близок ве изневерил, потсетете се на овие зборови. Познатиот руски психолог Ирина Михаклович сподели 5 совети што секогаш помагаат:
1. Препуштете ѝ се на ситуацијата и ослободете се од товарот од минатото затоа што е премногу тежок да го носите на грб
Повторувањето на истата ситуација доведува до негативни емоции и трошење енергија. Наместо да се фокусирате на проблемот, донесете одлука да им се препуштите на негативните емоции и да се фокусирате на тоа што го носи иднината. Можеби на почетокот е тешко, но кога ќе научите како да го направите тоа, ќе се чувствувате полесно и слободно.


2. Мора да се случат некои лоши работи за да се отвори пат кон нешто подобро
Многу е полесно да се обвинувате за работите што не оделе според планот, но треба да разберете дека некои работи нема да се случат и дека тоа е она што ве штити од некои лоши ситуации. Една загуба ја отвора вратата за нови можности. Сè се случува со причина.
3. Лутината ви штети само вам
Кога некоја блиска личност ќе ве повреди или ќе ве изневери, колку и да изгледа невозможно, помирете се со тој факт. Со понатамошното продлабочување на кавгата и размислување за постапката што ви е направена, вие само си наштетувате себеси и привлекувате негативна енергија. На овој начин ја труете психата, а во краен случај, го загрозувате и вашето здравје. Простете и обидете се да се фокусирате на позитивните работи во животот. Не дозволувајте вашиот гнев да ве надмине.
4. Не трошете ги вашите зборови на оние што не ги заслужуваат. Понекогаш најгласниот одговор е тишината
Едно од најдобрите решенија да се избегне разочарувањето е да се отстранат негативните луѓе и нивното влијание врз вашиот живот. Нема смисла да се обидувате да промените некоја личност или да влијаете на нејзините ставови. Многу е подобро да ги посветите вашето време и вашата енергија на градење врски со луѓе кои ве поддржуваат и ве инспирираат.
5. Сè во животот може да се промени
Ако ве напуштат луѓето на кои сте навикнати и кои се вашата зона на удобност, сетете се дека никогаш не е доцна за ништо во животот. Секогаш можете да почнете од почеток, да создадете нови пријателства и да им посакате среќен пат на оние што ви свртија грб.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.