вторник, 24 ноември 2026
Најново

Кога се раѓаш во авион, се знае – леташ бесплатно целиот живот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бебето кое е родено во авион на компанијата “Egypt Air”, за подарок добилo бесплатни карти за патување со авион во текот на целиот живот.
Од компанијата “Egypt Air” најавиле дека на девојчето кое е родено на летот “MC777” ќе му доделат доживотни авио карти за нивните летови.
Жената од Јемен, Хаим Наср Наги Дабан, родила девојче во вторникот со помош на екипажот на авионот.


Капетанот на авионот, кој тргнал од Каиро кон Лондон, одлучил итно да слета во Минхен по известувањето дека Дабан чувствува изненадни, неочекувани болки, додека авионот минувал во близина на германскиот воздушен простор.
И покрај тоа што било побарано слетување по итна процедура, жената се породувањето завршила кратко пред авионот да слета во Минхен.

Поврзани вести