Кога ќе дознаете колку е здрава брусницата, веднаш ќе си купите

Богатите со антиоксиданси брусници се докажани сoјузници во борбата против стареењето, како и во превенцијата на ревматските и кардиоваскуларните заболувања.
Освен тоа, научните истражувања покажуваат дека кондензираниот танин од ова овошје спречува влез на бактериите во уринарниот тракт, мочниот меур и бубрезите. А доколку веќе допреле до организмот, сокот од брусници го спречува нивното лепење на ѕидовите од уринарниот тракт, па така полесно се исфрлуваат преку урината.
Малите црвени бобинки се посебно успешни во борбата против ешерихија коли, една од најчестите и најнезгодни бактерии.
Упатените тврдат дека е исклучително ефикасна и против бактеријата Хеликобактер пулори, која во најголем процент е одговорна за појавата на чир во желудникот. За да се елиминира бактеријата во целост се препорачува секојдневно консумирање на сок од брусница, во текот на повеќе месеци.
Брусницата го намалува и бројот на бактерии во усната шуплина и на тој начин помага во спречувањето на забниот каменец, главниот виновник за воспаление на непцата.
Потврдени се и антиканцерогените својства, бидејќи нејзините состојки спречуваат раст на клетките на ракот и нивно ширење по телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.