Повеќето луѓе фрлаат семки од лубеница кога го јадат ова овошје. Семето од лубеница е здраво, иако ќе се согласите, не е толку вкусно како лубеницата.
Нутриционистите ве советуваат да го јадете заедно со лубеницата бидејќи е богата со протеини, витамин Б, магнезиум, мононезаситени и полинезаситени масти.
Семето на разни плодови е генерално добро за здравјето, но семето од лубеница е sвезда меѓу семињата поради сите хранливи материи, велат експертите. Семиња од лубеница и природно чистење на организмот:
Природен лаксатив – Јадете лубеница со сите семки, или сочувајте ги и исушете ги семките, за подоцна да можете да направите чај од нив, што помага при постојан запек. Семето од лубеница се користи и за лекување на цревни паразити.
Чистење на бубрезите – Чајот од семе од лубеница е природен лек за чистење на бубрезите и разградување на камењата во бубрезите. Семето од лубеница има диуретично дејство, го прочистува организмот, ги елиминира насобраните токсини и ја подобрува функцијата на бубрезите. Тие можат да ги елиминираат супстанциите што се акумулираат во бубрезите, формирајќи камења или песок.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.