Кодови за да откриете дали некој ви го прислушкува телефонот: совети што вредат злато

Откриваме тајни кодови што ќе ви помогнат да ги отстраните или потврдите сомневањата дека некој ви го прислушкува телефонот.

Безбедноста е на прво место за секого и најмногу ни е грижа за неа. За да ви го олесниме, барем во еден сегмент, откриваме тајни кодови што ќе ви помогнат да ги отстраните или потврдите сомневањата дека некој ви го прислушкува  телефонот .

За да дознаете дали вашите повици и пораки се пренасочени, бирајте *#21#. Статусот на секоја информација ќе се прикаже на екранот.

Ако статусот вели „препратено“, тоа значи дека вашиот телефон се следи.

Кодот 002# е универзален за исклучување на секаков вид пренасочување. Со активирање на овој код, можете да ги избришете сите пренасочувања на вашиот телефон.

Ако сакате да знаете каде се пренасочуваат вашите повици, пораки и податоци, бирајте го кодот *#62#.Вашите повици треба да бидат пренасочени кон говорната пошта на вашиот телефонски оператор.

Знаци кои покажуваат дека некој ве следи

Додека разговарате со некого, го слушате ехото од сопствениот глас. Ако ова се случува често, имате причина да бидете сомничави.

Батеријата на вашиот телефон е топла дури и ако не сте го користеле долго време.

Имате причина да се сомневате ако нешто ви ја празни батеријата и треба често да го полните телефонот.

На телефоните со Android им треба малку подолго време за вклучување, но ако трае предолго, треба да бидете загрижени.

Треба да се има предвид дека проблемите за време на разговорот можат да бидат и од техничка природа. Пред да почнете да паничите, вметнете ја картичката во друг телефон и проверете дали се случува истото. Ако утврдите дека проблемот не е само во вашиот телефон, знајте дека некој можеби ве прислушкува.

The post Кодови за да откриете дали некој ви го прислушкува телефонот: совети што вредат злато appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: