Откако Трамп објави царини на 2 април, акциите на Гап паднаа за 14 проценти, на Најк за 14,7 проценти, а цената на акциите на Левис падна за 10,6 проценти.
Од Епл до Нвидија, американските технолошки компании добија привремено изземање од царинитe на претседателот Доналд Трамп. За други компании, штетата која ја носат постојните даноци на кинескиот извоз може да се покаже како катастрофална.
Додека Трамп се повлече од carinite во случајот со повеќето земји, најавувајќи 90-дневна пауза на повеќето од своите „реципроцни“ царини, за Кина ги удвои, на крајот зголемувајќи ги увозните даноци на нејзината стока на 145 проценти.
Трамп ја претстави својата протекционистичка агенда како клучна за обновување на американската индустрија. Меѓутоа, многу американски компании се навикнати на евтин увоз од Кина. За многумина од нив, цените ќе пораснат, а профитите ќе паднат.
Пекинг исто така одговори на потезите на Трамп со свои контра-царини, кои сега изнесуваат 125 проценти. Американскиот извоз во Кина, а особено земјоделските производи, ќе биде тешко погоден од кинеските општи давачки.
Според податоците од Американскиот трговски уред, вкупната размена на стоки помеѓу САД и Кина изнесувала 582,4 милијарди долари во 2024 година. По Канада и Мексико, Кина е третиот најголем трговски партнер на САД.
Повеќе тука
The post Кои американски компании можат да бидат најтешко погодени? appeared first on 365.mk.