Кои вежби навистина помагаат за ефикасно отстранување на целулитот?

Голем број на жени, долго време се борат со изгледот на “кора од портокал”, во пределот на бутовите и задникот, а понекогаш и на други делови од телото.
Особено на почетокот на летниот период, жените закажуваат третмани, масажи, купуваат разни креми, но дали тоа навистина има некаков ефект?
Има ефект, но само визуелно, велат докторите и козметолозите. Кога одите на масажа, поради движењата и големите притисоци, кожата набабрува, па изгледа како да нема целулит, а всуштост тој само визуелно не можете да го видите. За да можете целосно да се ослободите од целулитот, потребни се внатрешни промени.


Покрај правилната исхрана и одредено количество на вода, кое дневно треба да го внесете, морате и да вежбате!
Кај жените кои редовно вежбаат, мускулите се толку развиени и цврсти, што поткожната маснотија која предизвикува одвратен изглед, кој потсетува на кора од портокал, не може да дојде до слојот на кожата, кадешто се гледа целулитот.


Вежбите кои треба да ги практикувате за да ви се намали целулитот, се следниве: клекнувања, подигнување на ногата во страна, подигнување на нозете додека лежите на грб или на стомак, како и аеробните вежби. Нормално, не е доволно да вежбате само еднаш, па да направите пауза. За најдобар и најдолг ефект, потребно е да вежбате минимум 3 пати неделно, по половина или еден час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.