Кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес?

Анксиозностa може да влијае на квалитетот на животот, а стравот, вознемиреноста и грижата можат да ве натераат да избегнувате одредени ситуации и да започнете нездрави навики.

Нутриционистите и психолозите сметаат дека и изборот на храна може да влијае врз подобрување или влошување на анксиозната состојба. Во продолжение прочитајте кои состојки треба да ги избегнувате доколку сте анксиозни.

Преработена храна
Спакуваната храна што ја наоѓаме на полиците во продавниците вообичаено е полна со преработени адитиви како шеќер и омега-6 масни киселини. Кога се консумираат прекумерно, овие состојки ги хранат лошите микроби во цревата и со текот на времето го влошуваат воспалението и на тој начин доведуваат до стрес. Затоа, обидете се да внесете повеќе свеж или замрзнат зеленчук и протеини во вашата исхрана.

Рафинирани шеќери
Дали знаевте дека постојат околу 262 други имиња за скриените шеќери кои денес се наоѓаат во прехранбените производи? Тие не само што се состојат во колачите и десертите туку се наоѓаат и во кечапот, преливите за салата и сосовите за тестенини. Можете да најдете шеќери може да се најдат дури и во солените производи како помфрит.

Индустриски масла
Индустријализацијата на прехранбената индустрија доведе до развој на високо преработени, евтини масла. Овие масла обично се произведуваат од пченка, соја, сончоглед и палма. Со преработка, овие масла стануваат богати со омега-6 масни киселини, но лишени од омега-3. Од друга страна, вишокот на омега-6 масни киселини во исхраната придонесува за вишок на воспалителни молекули низ телото, особено во цревата и мозокот. Избегнувајте ги овие масла со намалување на внесот на пакувана храна и брза храна. За готвење дома, изберете поздрави алтернативи како што се маслиново масло и масло од авокадо.

Алкохол
Иако алкохолот може да ја влоши анксиозноста, тој нема ист ефект кај сите. Така, ако се чувствувате нервозни или вознемирени кога пиете, тогаш алкохолот не е за вас. И имајте на ум дека алкохолот има и други негативни ефекти врз вашето физичко здравје.

Кафе
Кафето може да ја влоши анксиозноста, но не влијае на сите на ист начин. Внимавајте на нивото на стрес после пиење кафе. Ако после пиење кафе почувствувате зголемен стрес, намалете го внесот на кофеин. Можете да пробате со алтернативни пијалаци кои ќе ви ја дадат потребната енергија како цедените сокови и одредени видови чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.