Кога станува збор за одржување на совршената тежина и тренирањето, повеќето луѓе сметаат дека треба да се одбегнуваат мастите и јаглехидратите. Но, науката вели дека тоа не е баш така.
Иако прекумерното внесување на масти и јаглехидрати не е добро за ничиј организам, истражувањата покажале дека не е опасно да се јаде некоја „нездрава“ храна пред или после тренинг.
Кои „нездрави“ намирници и не се толку опасни за консумирање пред или по тренингот?
Брза храна
Многумина се обидуваат да ги избегнат вкусните хамбургери, помфритот и пржената храна. Меѓутоа, истражувањата покажале дека кај оние испитаници кои консумирале протеински плочки и оние кои јаделе брза храна, ефектот врз организмот бил речиси ист.
Сладолед
Вашиот омилен сладолед може да ви помогне така што ќе го забави процесот на разградување на протеините во телото. Најдобро би било да го јадете веднаш по тренингот, но не претерувајте.
Чоколадно млеко
Чоколадното млеко е совршена комбинација на протеини и јаглехидрати, кои ќе ви помогнат да го обновите мускулното ткиво и да го подготвите вашето тело за следниот тренинг. Едно истражување покажало дека пиењето чоколадно млеко 30 минути по тренингот и два часа подоцна го намалува ризикот од оштетување на мускулите.
Печива
Јаглехидратите можат да бидат одличен извор на брза енергија пред тренинг, но и одличен избор по тренингот. Тост со мармалад или со путер од кикиритки е синоним за совршена закуска.
Путер
Многумина ги избегнуваат и мастите. Но, консумирањето путер (секако, во нормални количини) пред тренинг ќе ви даде енергија. Не заборавајте и дека мастите се важна храна за мозокот.