Кои суплементи и лекови не треба да ги пиете заедно?

„Нештата што се природни не се секогаш и безбедни“, вели д-р Дејвид С. Серес. Тој објаснува дека некои супстанци кога се ставаат во форма на суплементи се многу поконцентрирани отколку во нивната природна форма кога имаат добар ефект врз организмот.
Подолу се дадени неколку суплементи кои не треба да ги мешате со други додатоци или лекови.
Рибино масло
Интеракции со лекови: Земањето рибино масло и лекови против висок притисок може да предизвика низок крвен притисок. Исто така, треба да се внимава кога се зема рибино масло и лекови кои можат да го зголемат крварењето како што се аспирин или ибупрофен.
Интеракции со други суплементи: Земањето рибино масло со билки кои го забавуваат згрутчувањето на крвта може да доведе до крварење.
Калциум
Интеракции со лекови: Калциумот може да интерферира со многу лекови, вклучително и оние препишани за остеопороза, попознати како бифосфонати. Исто така, може да влијае на дејството на лековите за крвен притисок, антибиотиците од фамилиите на тетрациклини и кинолони и левотироксин, кој се користи за лекување на хипотироидизам.
Ехинацеа
Интеракција со лекови: Способноста на ехинацеа да го стимулира имунолошкиот систем може да го наруши дејството на лековите кои го ослабуваат имунолошкиот систем како што се стероидите.
Мелатонин
Интеракции со лекови: Бидејќи мелатонин може да ве направи поспани, земањето и седативи како бензодиазепини и некои антидепресиви може да предизвикаат преголема поспаност. Мелатонин, исто така, може да предизвика одложено згрутчување, така што земањето и антикоагуланси може да предизвикаат модринки и крварење. Избегнувајте да земате мелатонин ако земате лекови за крвен притисок бидејќи тоа може да го зголеми вашиот крвен притисок.
Интеракции со други суплементи: Може да има седативно дејство и може да ги влоши несаканите ефекти на мелатонинот.
Витамин Д
Интеракции со лекови: Витаминот Д може да ја намали ефикасноста на лековите за намалување на холестеролот со аторвастатин, како и на некои лекови за намалување на холестеролот. Исто така, земањето витамин Д со диуретици може да резултира со прекумерни количини на калциум во телото што може да предизвика проблеми со бубрезите.
Цинк
Интеракции со лекови: Ако земате антибиотици со кинолин или тетра циклин, цинкот може да му отежни на телото да ги апсорбира овие лекови. За да се осигурате дека тоа нема да се случи, земете антибиотици два часа пред цинкот. Истото важи и за лековите со пенициламин, кои се користат за лекување на ревматоиден артритис. Земете цинк два часа пред овие лекови за да спречите слаба апсорпција на панициламин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.