Вашата кожа е составена од неколку елементи, вклучувајќи колаген и еластин, кои го одржуваат вашиот тен цврст и младешки. Кога станува збор за нега на кожата која има за цел да го стимулира производството на овие протеински влакна, да знаете што да правите е исто толку важно како и да знаете што да не правите.
Ова не се однесува само на производите за убавина што ги користите, туку и на начинот на кој ги користите. Секако, подеднакво важен е и начинот на живот, па еве три грешки кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го одржувате вашиот тен убав и млад колку што е можно подолго.
1.Пречесто користите ретиноиди
Вистина е дека ретиноидите можат да го стимулираат производството на колаген, па затоа ретинолот е една од најбараните состојки во производите за подмладување. Но, производите со поголема концентрација на ретиноиди може да ви влијаат негативно. Кога ќе претерате со ретиноиди (или т.н. хемиски пилинг), постои ризик од оштетување на површинскиот слој на кожата. Тоа се манифестира со црвенило, лупење на кожата, иритација и чешање.
2.Ја заборавате кремата за сончање
Неопходно е да се заштити кожата од сонцето, без разлика дали е топол летен ден или ветровито зимско утро. Покрај ризикот од изгореници и пеги од сонце, УВ зрачењето ги уништува и колагенските влакна. Без разлика на годишното време, не заборавајте да го користите лосионот за сончање (во текот на зимата доволен е заштитен фактор 30).
3.Го игнорирате влијанието на стресот врз кожата
Сигурно ви е познато дека стресот придонесува за предвремено стареење на кожата. Меѓу многуте негативни ефекти, стресот може да предизвика воспаление во телото, што може да доведе до намалување на производството на колаген.