недела, 15 ноември 2026
Најново

Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако според многумина јаглехидратите се бескорисни бидејќи само придонесуваат за зголемување на телесната тежина, сепак тоа не е така. Тие се хранливи материи кои му се неопходни на телото за неговото правилно функционирање.

Одредена група јаглехидрати не само што се здрави туку се и корисни за слабеење. Проверете во продолжение за кои намирници станува збор.

Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

Тиква
Тиквата е намирница која можете да ја консумирате како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт! Се карактеризира со ниска калорична вредност, но има и многу растителни влакна кои го забрзуваат процесот на варење и даваат чувство на ситост.
Бобинки
Има ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и друг вид бобинки? Тие се богати со антиоксиданси и се нискокалорични. Освен тоа, поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторно дејство.

Леќа
Леќата е вистинска суперхрана! Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен. Освен тоа, таа е богата со витамини и минерали.

Поврзани вести