Потребни состојки:
-350 г јагоди, исечени на ленти
-100 г шеќер
-120 г брашно
-450 мл павлака за шлаг
-1/2 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Јагодите измешајте ги со 30 г шеќер и оставете ги на страна.
Брашното ставете го во голем сад и додадете 1 лажица шеќер и измешајте. Додадете околу 180 мл павлака за шлаг и мешајте додека тестото не стане грутчесто.
Со голема лажица или лажица за сладолед одвојте парчиња од тестото и ставете ги во сад за печење, па премачкајте со павлака за шлаг. Печете околу 12 минути. Кога ќе се испечат бисквитите, оставете да се оладат.
Остатокот од павлаката изматете го во шлаг, додадете шеќер и екстракт од ванила. Преполовете го секој колач, на едната половина ставете шлаг, па јагоди, па другата половина од бисквитот.