Секогаш има простор за колаче, особено ако состојките се брашно од бадем, здраво кокосово масло, минимално обработен шеќер и мноооогу хранливи материи и се разбира…темно чоколадо. Секогаш се обидуваме да пронајдеме начини како да направиме чоколадни колачи на поздрав начин, со црн грав, слатки компири, наут, ленено семе итн. Овие се прекрасни работи што треба да ги додадете, но понекогаш одземаат дополнително време и работа. Овој рецепт е неверојатен, ви треба само еден сад, 10 едноставни состојки и 20 минути за да се исспечат. Овие колачиња се многу вкусни и многу се едноставни, а чоколадни. Токму она што го барате.
Зошто да го изберете овој рецепт пред оние традиционални рецепти со чоколади за готвење, маргарин и многу нездрави работи?
Поздрави состојки. За овој рецепт потребно ви е јаворов сируп, темно чоколадо и шеќер од кокос, сите овие се малку рафинирани и обработени, за разлика од обичниот шеќер и млечните чоколади.
Темно чоколадо 70% – Има неверојатен антиоксидативен профил и многу хранливи материи, што го прави прилично неверојатна и вкусна состојка како додаток во вашите слатки, а здрави задоволства.
Бадемово брашно – Многу подобро брашно од белото брашно. Бадемите се богати со протеини и влакна, кои можат да помогнат во балансирањето на шеќерите во крвта, што може да ви овозможи да се чувствувате сити по едно парче.
Барате едноставен, домашен, здрав чоколаден рецепт? Погледнете ги овие чоколадни срца.
Време на подготовка: 10 минути
Време на печење: 20 минути
Вкупно: 30 мунути
10 колачиња
Состојки:
1/3 чаша кокосово масло
1 чаша или 8 гр. темно чоколадо сецкано
1/3 чаша кокосов шеќер
1/3 чаши јаворов сируп
1 јајце
1 лажица ленено семе се меша со 3 лажици вода
1/2 лажичка сода бикарбона
1 чаша бадемово брашно
1/2 кафена лажичка еспресо во прав по желба
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени
Премачкајте со малку масло
Ставете половина чоколадо во сад
Ставете го садот во друг поголем сад со топла вода, така што чоколадата може да се стопи (или ставете чоколада во микробранова печка 15 секунди додека не се стопи).
Додајте го маслото, шеќерот, јаворовиот ируп и добро измешајте.
На страна додадете ги јајцето, мешавината со лен и сода бикарбоната.
Истурете во садот за печење и печете 18-20 минути.
Оставете да се излади целосно пред сечењето.