Потребни состојки:
-4 јајца
-200 г шеќер
-100 г мелени ореви
-100 г гриз
-500 мл млеко
-1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот и матете уште неколку минути. потоа додадете ги мелените ореви и гризот, па повторно мешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени, смесата сипете ја во подмачкан и посипан со брашно калап за печење. По 15 минути извадете од рерната и прелијте со млеко, полека и рамномерно.
Вратете го колачот да се допече уште 15 минути.