Колач со кајсии

Рецепт за вкусен и сочен овошен колач кој ќе го обожаваат сите.
Потребни состојки:
8 кајсии
150 г путер
150 г шеќер
3 јајца
1 ванилин шеќер
150 г брашно
70 г мелени бадеми
2 лажички прашок за печиво
100 г кисела павлака.
Начин на подготовка:
Обложете го калапот со хартија за печење. Изматете го путерот со шеќер и додавајте едно по едно јајце со постојано матење.
Додајте брашно промешано со сите суви состојки како и кисела павлака. Мешајте додека да се соедини.
Сипете го тестото во калап, распоредете ги кајсиите исечкани на половина и печете го колачот на 180 степени околу 30 минути. Наросете го со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.