Колач со мак и глазура од лимон

Едноставен рецепт за вкусен колач со мак.
Состојки:
*Мерете ги сите состојки со иста шолја
200 гр. мак
Три шолји брашно
Две шолји вода
Две шолји шеќер
Шолја зејтин
Еден прашок за пециво
За глазурата со лимон
Сок од два лимони
200 гр. шеќер во прав


Начин на подготовка:
Промешајте брашно, мак, вода, шеќер, зејтин и прашок за пециво, па матете додека да добиете изедначена смеса.
Загрејте ја рерната на 180 степени, а во тавата ставете хартија за печење.
Сипете ја смесата во тава, па печете околу 40 минути.
Во меѓувреме, за глазурата изматете со миксер сок од два лимона со 200 гр. шеќер во прав, околу 15 минути или додека да добиете течна смеса за прелив.
Кога ќе се излади, прелијте го со глазура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.