3 јајца
200 г шеќер
80 г брашно
300 г одмрзнати малини
200 г маргарин
300 г чоколадо за готвење
200 г млечно чоколадо
50 г дробени лешници
2 кесички шлаг
200 мл млеко
На оган растопете ги чоколадото за готвење и маргаринот.
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, изладеното чоколадо со маргарин, млечната чоколада искршена на парчиња, лешниците и малините. Нанесете ја смесата во тава за печење. Печете 30 минути на 200 степени.
Шлагот изматете го со млекото, нанесете го на колачот и наредете малини. По желба колачот може само да го наросите со шеќер во прав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.