Рецепт за вкусен десерт во кој ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки:
2 јајца
200 г шеќер
125 мл сончогледово масло
125 г цеден сок од портокал
1 лажичка ванилин шеќер
1 прашок за печиво
200 г брашно
Изрендана кора од портокал
Глазура
150 г црно чоколадо
Начин на подготовка:
Одвојте ги белките од жолтките и изматете ги во цврст шлаг. Во посебен сад изматете ги жолтките со шеќерот, ванилин шеќер па додајте масло и сок од портокал и изрендана кора од портокал. Соединете со белките и додајте прашок за печиво и брашно.
Со хартија за печење обложете правоаголна тава со димензии 30х10 и истурете ја смесата. Печете 35 минути на 180 степени.
Испечениот колач извадете го од тавата и ставете го настрана. Растопете чоколадо и прелијте го преку изладениот колач.