Колач со јаболки

5 јајца
250 г шеќер
150 мл млеко
250 г брашно
100 мл масло
700 г рендани јаболки
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 кесичка цимет
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, маслото и млекото, и промешајте.
Јаболките измешајте ги со циметот и ванилиниот шеќер. Додадете ги во смесата и печете го колачот 40 минути на 200 степени.
По желба колачот може да го прелиете со растопено чоколадо или да го наросите со шеќер во прав.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: