Колач Тексас: Рецепт за еден од највкусните американски десерти!

Потребни состојки:
400 грама шеќер
240 грама брашно
¼ лажица сол
4 лажици какао
220 грама путер
230 милилитри топла вода
230 милилитри матеница
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка екстракт од ванила
Потребни состојки за глазура:
60 грама сечкани пекан ореви
200 грама путер
4 лажици какао
6 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
400 грама шеќер во прав


Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте ги брашното и шеќерот и додадете прстофат сол.
  2. Во тенџере растопете го путерот. Додадете го какаото и промешајте. Додадете ја топлата вода, динстајте околу 30 секунди, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Додадете ја смесата со брашното и бавно мешајте за што побргу да се излади.
  3. Во садот со матеница додадете ги изматените јајца, сода бикарбона и смесата од путер и какао. Истурете ја смесата во широк, плиток калап и печете околу 20 минути на температура од 175 степени целзиусови.
  4. Додека колачот се пече, подгответе ја глазурата. Ситно исечкајте ги пекан оревите. Растопете го путерот, додадете го какаото и измешајте ја смесата за да се соедини, а потоа тргнете го садот од оган. Додадете ги млекото, ванилата и шеќерот во прав. Промешајте и додадете ги пекан оревите, а потоа оваа смеса прелијте ја врз испечениот колач. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.