Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода, велат од МВР, од каде додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави.
Пронајдете не на следниве мрежи:



