Колкаво е значењето на паузата за ручек за менталното здравје?

Шпанија и Италија се меѓу земјите со најдолг пауза за ручек. Традиционалната шпанска „сиеста” како тричасовен одмор во средината на работен ден, е светски позната и навистина работи. Италијанците го сметаат ручекот како најважен оброк и ги затвораат продавниците помеѓу 13 и 15 часот без проблеми со цел да уживаат во специјалитетите на локалната кујна во кругот на семејството. Остатокот од современиот свет сѐ уште не ги разбира придобивките што доведоа до прекин од секојдневните деловни барања и обврски.
Анкетите покажуваат дека половина од вработените не можат да си дозволат кратка пауза поради премногу работа, додека третина се жали на притисокот од менаџерите да работат дури и за време на наводно платениот одмор.

Резултати од истражување се вознемирувачки бидејќи паузата за ручек е единствената можност за релаксација за време на навидум бескрајни работни часови. Макар и половина-час дистанцирање од преоптоварувањето на работното оптоварување значително го намалува стресот.
Најпопуларните паузи, како што се кафе-пауза или „вентилирање“ за проблемот, воопшто не помагаат и само уште повеќе заморуваат.
Затоа, паузата за ручек е исклучително важна, а не банална, и важно е да се процени каков вид пауза е најкорисен за менталното здравје на вработените.
Користејќи анализа на дневници што ги пополнувале преку 1.000 работници од разни германски компании, три пати на ден за две недели, психолозите на Универзитетот во Мајнхам тестирале различни методи за закрепнување од работата со мерење на две клучни димензии – замор и вклученост во работата.
Резултатите покажаа дека релаксација, асоцијација со другите и слобода да се одлучи како да се помине паузата за ручек, е поврзано со намален замор и зголемена вклученост во работата за време на попладневните часови.
Релаксацијата првенствено се однесува на физичка релаксација, како што е намалување на мускулната тензија од непријатно седење во текот на денот.
Поврзаноста подразбира блискост со другите, што значи дека вработените се чувствуваат како прифатени и ценети членови на група или заедница со која ги споделува своите грижи и успеси.
Во таа смисла, се препорачува ручекот да се потроши со луѓе кои ни се драги и со кои се чувствуваме удобно и опуштено.
Истражувањата на Шарлот Фриц, професор по организациска психологија на Универзитетот во Портланд, покажаа дека мини-паузи од работа, како што се телефонски разговори, проверка на социјалните мрежи, не се поврзани само со намалувањето на замор, туку и го зајакнуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.