Овој тест е многу едноставен. Доколку ви е потребно повеќе од минута и половина да се искачите на четврти спрат, би било добро да му се обратите на вашиот лекар, споделил Исус Петеро, кардиолог на универзитетската болница Корунаи и автор на истражувањето.
Колку брзо можете да се качите на 4-ти спрат открива многу за здравјето на вашето срце
Истражувањето било претставено на научен собир на Европското кардиолошко друштво. Додека траело истражувањето, 165 испитаници шетале или трчале на трака до исцрпеност, додека нивните метаболички еквиваленти (МЕТ) биле мерени. Учесниците кои се качиле по скали на четврти спрат (од прилика 60 скали) за помалку од 40 до 45 секунди, постигнале МЕТ од 9 до 10. Претходните истражувања покажале дека достигнување МЕТ од 10 е поврзано со ниска стапка на смртност. Учесниците на кои им требало 1,5 минута или повеќе за да се искачат по скали, постигнале МЕТ помал од 8, кој значи смртност од 2 до 4 проценти годишно.
Снимањето на функциите на срцето додека траеле тестовите, открило дека 58 проценти од учесниците на кои им требало повеќе од минута и половина да се искачат по скали, имале абнормални функции на срцето. Врз основа на тие истражувања, способноста за искачување по скали може да се користи и како груб начин за процена на нечија физичка функција, која може да го предвиди целокупното здравје на срцето. Меѓутоа, кардиологот Рене Булок – Палмер, верувала дека тие груби проценки не можат да го заменат вистинскиот физички преглед и лекарски тест за работа на срцето.
Многу лекари го користат тестот со искачување по скали, поради процена на здравјето на срцето, со обзир на тоа дека ова е вежба која релативно брзо ја забрзува работата на срцето. Доколку постои проблем како што е стеснување на срцева артерија, симптомите како што се болка во белите дробови или отежнато дишење, луѓето ќе ги добијат при високи фреквенции на работата на срцето.