Колку време без секс е премногу?

„Колку често имате секс со партнерот?“
Ова е прашање што често се поставува, понекогаш многу промислено, а нѐ разголува и ги изложува нашите најдлабоки несигурности во врска со нашите интимни врски.
Повеќето од нас се прашале во некој период од врската: Колку често треба да имаме секс? Што ако имаме помалку секс од нашите пријатели? Дали нашата врска е осудена на пропаст ако немаме секс доволно често? И што значи всушност „доволно често“?


Овие прашања се погрешни сами по себе, бидејќи колку често имаме секс не одговара на многу поважните прашања како дали сексот е добар, лош или незадоволителен. Сепак, фреквентноста на сексуалните односи може да игра улога во нивото на задоволност од сексот и од врската.
Па, колку често имаат секс повеќето двојки? И што значи тоа за квалитетот на нашата врска?
Во истражување спроведено на 26.000 испитаници, објавено во Archives of Sexual Behavior, учесниците рекле дека имаат секс 54 пати годишно, што во просек значи дека имаат секс еднаш неделно. Овие резултати се разликуваат од исходот на истражувањето спроведено во 1990 година, кога испитаниците пријавиле дека годишно имаат 9 сексуални доживувања повеќе. Испитанците биле мешавина од луѓе кои се сингл, во врска, во брак или живеат со партнерот. Кога авторите на истражувањето ги разгледале одговорите само на луѓето кои биле во брак, статистиката покажала незначително помала фреквентност на сексуалните односи од 51 годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.