вторник, 24 ноември 2026
Најново

Колку време би требало да трае идеалното летување?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје.
Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор.
Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат.


Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни.


-Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата.

Поврзани вести