Колку време треба да помине пред да се каже „Те сакам“?
Колку часови, прошетки, состаноци и испиени кафиња заедно се потребни за конечно да кажете дека го сакате партнерот? Некои опуштено се впуштаат во врски и не есапат жива сила, но некои сериозно се посветуваат на тајмингот кога со зборови да ја искажат својата љубов кон партнерот.
Во една анкета спроведена од британски тв медиум 4000 испитаници одговориле на прашањето и резултатите се во голема мера неочекувани.
Речиси половината од испитаниците не се сеќаваат кога се решиле да ја признаат својата љубов, 22% си кажале „те сакам“ по три месеци заедно, 14% по шест месеци, 13% по еден месец забавување и брзоплети 3% по само една недела помината со партнерот.
Многумина се чувствуваат осамени и не почувствувале вистинска љубов, а експертите сметаат дека поттиснувањето на чувствата се една од најчестите причини за ран прекин на врската. Оваа фраза не е за манипулација и служи да ја опише најубавата емоција за поврзување со партнерот.
Кога доволно сте го запознале партнерот и чувствувате еднаква потреба да ги искажете вашите чувства колку што чувствувате дека тој/таа е подготвен/а да ги чуе, само тогаш е во ред вистински да кажете „Те сакам“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.